Капка во море од пари: Ѕвезда за еден бод против Неапол добива вистинско богатство

УЕФА богато наградува за секој освоен бод во групната фаза на Лига на Шампиони.

Црвена ѕвезда трие раце после ремито со моќниот Непол. Освоениот бод во новиот формат во Лига на шампиони голем успех за српскиот шампион.

За добриот резултата против фавозираните италијани црвено-белите ќе бидат богато наградени. Имено, УЕФА за секој освоен бод плаќа 900.000 евра.

Да потсетиме, за пласман во групната фаза Ѕвезда добила 15.25 милиони евра. За секој евентуален триумф во групата црврно-белите би добиле дополнителни 2,7 милиони евра.

Следната прилика да ја зголеми заработувачката Ѕвезда ја има на 3 октомври во Париз кога и гостува на екипата Пари Сен Жермен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари