Ѓоковиќ, прв во историјата на тенисот со “златен мастерс“

 Новак Ѓоковиќ по освојувањето на трофејот на Синсинати конечно ги освои сите мастерс турнири во светот, и со тоа стана првиот во историјата на тенисот кој е носител на  „Златниот Мастерс" рече дека вредело да се чека и оцени дека можеби нереално брзо се врати на високо ниво по операцијата.

„Ова е навистина посебен момент за мене. Првпат стојам овде со победничкиот трофеј по пет изгубени финалиња. Вредеше да се чека за овој трофе,ј кој ми недостасуваше. Тешкиот период по операцијата е зад мене. Можеби не е реално што толку брзо по рехабилитацијата го освоив Вимблдон, а сега и Синсинати", рече Ѓоковиќ.

По победата над Федерер во синоќешното финале, Ѓоковиќ е првиот во историјата со освоени трофеи на сите Мастерс турнири. Патем, тој е единствениот кој има позитивен скор со Федерер, го победил 24 пати а загубил на 22 меча од него.

Покрај тоа има и трофеи на сите (четири) Грен слема, како и шампионски пехар од Дејвис купот со репрезентацијата на Србија по што може да се рече дека освоил се што во тенисот може да се освои.

Поврзани

Најнови вести

Коментари