Газа нема да влезе во „куќата на славните“

" alt=

Поранешната фудбалска ѕвезда, Пол Гаскоњ, нема да биде примен во „куќата на славните“ на шкотскиот фудбал, бидејќи членовите на Фудбалската асоцијација на Шкотска најавиле бојкот доколку се случи нешто такво.

Контроверзниот Газа, кој долги години има проблеми со алкохолот и законот, требаше да биде примен во шкотската „куќа на славните“ на 21.октомври. Тој бил номиниран од организаторот за она што го прикажувал во Глазгов Ренџерс во периодот од 1995 до 1998 година.

Комитетот за прием во „куќата на славните“ сепак морал да ја повлече номинацијата, поради најавениот бојкот на функционерите од Фудбалската асоцијација на Шкотска. Тие сметаат дека поради контроверзите што го следат не треба да добие таква чест.

51-годишниот Англичанец со својот животен стил привлекол негативен публицитет, поради што не бил достоен да влезе во „куќата на славните“.

Еден од многуте инциденти Гаскоњ направил во времето кога играл за Генџерс, кога во еден хотел во Глазгов ја нападнал сопругата Шерил.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари