Еве како изгледа "Маракана" четири дена пред спектаклот (фото)

Завршните работи се при крај

Стадионот "Рајко Митиќ" во вторник ќе биде терен на утакмиците на првото коло - Ц група на Лига на шампиони помеѓу Црвена Ѕвезда и Неапол

Работите на објектот почнале веднаш после утакмицата во Салцбург, а "дотерувњето" е кон крај.

Работниците на стадионот како пчели во кошница, работите ги приведуваат кон крај, како на тибините така и на самиот терен.

 Се забележува дека околу тревнатата подлога се става рамка од вештачка трева бидејќи УЕФА не дозволува фудбалерите да се загреваат на тартаната на атлетските патеки.

Стадионот веќе изгледа "затегнат" со што нема дилема дека до вторник се ќе дојде на свое место и дека "Рајко Митиќ" ќе биде подготвен за дуелот Црвена Ѕвезда и Неапол, која се игра на 18 септември во 21 часот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари