logo
logo
logo

Естевао стана најмладиот стрелец за Бразил по легендарниот Пеле

Vecer | 05.09.2025

Естевао стана најмладиот стрелец за Бразил по легендарниот Пеле

фото: Ginga Bonito (X)

Фудбалерот на челзи, Естевао стана најмладиот стрелец на гол за репрезентација на Бразил на официјален натпревар, по легендарниот Пеле.

Напаѓачот на лондонските „сини“ го отвори резултатот на мечот со Чиле со гол за 1:0. Естевао сега има 18 години и 4 месеци. Пеле останува најмладиот во историјата на бразилската репрезентација, затоа што постигна два гола на 17 години и 7 месеци во финалето на Светското првенство против Шведска (5:2).

Вреди да се напомене дека  Ендрик (17 години, 8 месеци и 3 дена),  Роналдо (17 години, 7 месеци, 12 дена) и Еду (16 години, 10 месеци, 2 дена) постигнаа голови на помлада возраст, но само на пријателски натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk