Драконски казни за седуммина учесници во тепачката на истанбулското дерби

Дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши со тепачка, а фудбласкиот сојуз на Турција ги казни актерите во масовниот инцидент од минатата недела.

Двете екипи во дербито одиграа 2:2, но по завршувањето на натпреварот изби хаос.

Се тепаа триесетина играчи и челнови на стручните штабови на двата клуба. Поделени се три црвени картони на Жаилсон, Роберт Солдадо и Баду Ндијае.

Тренерот на Галата, Фатих Терим е суспендиран со седум натпревари забрана за водење на тимот поради навредна на судиите на конференција. Неговиот кола на клупата и помошник, Хасан Шаш е казнет со осум натпревари.

Фудбалерот Жаилсон исто така нема да игра осум натпревари, а Солдадо шест.

Споменатиот Ндијае е суспендиран на пет, Рајан Донк на шест, а Мендес Родригес на три натпревари.

Слични сцени се видени на претоходни босфорски дербија, а и тогаш имаше казни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари