Брајтон го победи Јунајтед, Сити му даде шест гола на Хадерсфилд

Тимот на Брајтон забележа прв успех во сезоната на Премиер лигата, откако го победи Манчестер Јунајтед со 3 - 2. Тимот на Крис Хоутон одигра неверојатно прво полувреме, кога паднаа сите голови на „галебите".

Глен Мареј отвори за домаќините во 25-тата минута, а Шејн Дафи зголеми две минути подоцна. Ромелу Лукаку намали во 34-тата минута, но Паскал Грос беше фаулиран во 44-тата минута во шеснаесетникот и Брајтон доби пенал. Грос застана зад топката и направи 3:1 на „Ајмекс" стадионот.

Капитенот Пол Погба го даде конечниот резултат во 94-тата минута од натпреварот откако Маруан Фелаини беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините.

Тоа е втора победа на Брајтон над Манчестер Јунајтед откако тимот влезе во Премиер лигата, откако минатата сезона ги победија „црвените ѓаволи" со 1:0.

Шампионот на Англија пак, Манчестер Сити постигна втора победа во вториот круг на Премиер лигата. Овој пат, Хадерсфилд Таун стана жртва на „граѓаните".

Менаџерот Пеп Гвардиола покажа импресивен фудбал и неговиот тим победи со 6:1 на „Етихад". Во првиот круг на новата кампања, Сити го порази Арсенал во Лондон со 2:0.

Хетрик за успехот на „граѓаните" постигна Серхио Агуеро, а другите погодоци беа дело на Габриел Жесус, Давид Силва и авто-гол на Теренс Конголо. За гостите на Хадерсфилд, Станковиќ постигна почесен гол.

Во првиот натпревар за денот, Ватфорд беше подобар од Барнли на гостувањето со 1:3

Поврзани

Најнови вести

Коментари