КАРЛОС АЛКАРАЗ (22) го освои овогодинешниот Отворен турнир на САД. Во финалето, тој го победи тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, со резултат од 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го освои својот шести Гренд слем турнир, вториот Отворен турнир на САД, првиот го освои во 2022 година.
Ова беше дуел помеѓу првиот и вториот тенисер во светот, финален дуел на кој многумина со нетрпение го очекуваа дури и пред почетокот на турнирот. Синер го победи Феликс Оже-Алиасиме во полуфиналето, а Алкараз беше подобар од Новак Ѓоковиќ.
Ист, но различен прв и втор сет
Синер сервираше прв и веднаш го загуби гејмот. Брејкот на Алкараз го насочи текот на првиот сет, каде што Синер направи многу грешки без потреба, а Шпанецот го искористи сето тоа и го доби првиот сет со 6:2.
Се чинеше дека Синер е доста надвор од игра, но во вториот сет работите се свртија, Алкараз почна да прави грешки, а Италијанецот се смири и ги искористи грешките и го доби сетот со резултат од 6:3. Имаше моментум на своја страна, но потоа се повтори истата приказна како во првиот сет.
Доминација на Алкараз
Алкараз го доби третиот сет уште подоминантно од првиот, беше 6:1 за Шпанецот. Синер повторно направи грешки како во првиот сет, имаше пад во играта на Италијанецот, што Алкараз го искористи и поведе со 2:1 во сетови.
Четвртиот сет беше најизрамнет, сè до 2:2 кога Алкараз повторно направи брејк и се одвои. До крајот на сетот, секој тенисер освои гејмови на свој сервис, што значи дека Алкараз го доби сетот со резултат од 6:4 и ја потврди победата и освојувањето на титулата на Отвореното првенство на САД.
Ова беше 15-ти натпревар помеѓу овие двајца тенисери и 10-та победа на Алкараз. Шпанецот го освои својот седми турнир оваа сезона, а ова е негов втор Гренд слем турнир оваа година, откако победи и на Ролан Гарос.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата