Повеќе делови од Скопје во текот на денот ќе останат без струја  

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.

Во период од 8:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од дел од улиците Димитар Пандилов, поточно објектите од број 10 до број 33 во општина Центар. Понатаму, како што информираат од ЕВН, без струја во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од село Семениште и село Чајлане во општина Сарај.

Во периодот од 6:00 до 8:00 часот корисниците од дел од село Сарај, Љубин, Глумово, Шишево, Матка, Викендици Матка, село Ласкарци, Паничари, Кондово, Радуша, Дворце, Семениште, Чајлане, село Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, Арнакија, Буковиќ, Раовиќ, село Грчец, Чичино село, Кучково, Викендици Кучково, Грачани, Веле поле во општините Сарај и Ѓорче Петров, исто така ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 8:15 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица Коста Ристовски, улица Хо Ши Мин и улицата Софре Марковски во општина Бутел, додека во период од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од село Батинци улица 4, 6 и 7, во општина Студеничани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари