Крос трка на кејот на Вардар за ,,Еразмус ден”

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по повод 31-годишнина од постоење на програмата Еразмус, за првпат се вклучува во одбележувањето на „Еразмус ден“ и по тој повод организира крос-трка, што ќе се одржи во 10 часот.

Стартот на крос-трката е кејот на реката Вардар (зад зградата на Влада на Република Македонија), во близина на кафеаната Жабар до мостот кај хотел „Александар Палас“ и назад во близина на кафеаната Жабар, каде е и целта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари