Полицијата соопшти дека извршила вонредни контроли во кои биле опфатени мотоциклисти во Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци и Неготино.

При контролата во Тетово биле откриени 37 прекршоци, од кои девет управување без дозвола, исто толку истечена регистрација, 11 мотоциклисти управувале без заштитена шлем, а 3 со истечена осигурителна полиса. При контролата констатирани се и девет други видови прекршоци. Откриените прекршоци биле заокружени со 35 прекршочни платни налози, со 15 исклучени од сообраќај, една писмена опомена и шест покани за сообраќајна поука.

Во Струмица, се откриени 24 прекршоци, за кои се издадени 24 прекршочни платни налози.

При контролите на мопеди и мотоцикли во Велес, затечени се 48 неисправни возила, согласно Законот за сообраќај. Во Кавадарци од 35, неисправни биле 20, додека во Неготино од 24 несиправни биле шест мопеди и мотоцикли.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести