„Најавената Балканска музичка вечер ги надмина очекувањата“, вели нејзиниот творец, маестро Сашко Велков, и уште открива дека е презадоволен особено од публиката меѓу која освен гости од кај нас имало и вљубеници во музиката од Србија и Бугарија.

„Идејата за организирање ваква Балканска вечер која верувам дека ќе стане традиција и кај нас се роди минатата година по враќањето од Варна каде заедно со Пламен Димитров и Паул Станга од Романија учествуваме во ваква музичка вечер. Враќајќи се назад кон Македонија во разговор со мојот помал син Давид и мојот пријател Иван заклучивме дека би било убаво ваков настан да има и кај нас, односно во моето родно Кочани. Така и бидна, набрзо се зафативме за организација“, вели маестро Велков, кој за балканската инструментална вечер вели дека дишела со хармонија меѓу три соседки нации.  

„Имавме гости од Македонија, Србија, Бугарија и верувајте чувството беше прекрасно. Свиревме јас, Пламен Димитров, нашиот великан Милан Завков, великанот на виолина Георги Јанев и мојот син и наследник Давид Велков. Вечерта не беше од натпреварувачки карактер, но не можеше да помине без мало наствирување“, вели Велков и додава: „Да сме живи и здрави ќе сториме се оваа Балканска инструментална вечер да стане традиционална. Потребно ни е вакво нешто како сатисфакција за младите музичари за да напредуваат се повеќе и повеќе.“

1
loading...

Најчитани вести