Маж беше уапсен во неделата, во руралниот дел на Финска откако покажа „агресивно и заканувачко“ однесување кон министерот за надворешни работи на земјата, Тимо Соини, објави полицијата.

Соини присуствуваше на изборен митинг во округот Корсо, кога осомничениот, облечен во маица со логото на финската антиимигрантска група Војници на Один (СоО), се упати кон него.

Осомничениот бил спречен да продолжи понатаму, што доведе до физичка пресметка, се вели во соопштението на локалната полиција.

Во неделата вечерта, Соини им се заблагодари на полицајците за добро завршената работа.

Инцидентот, исто така, беше широко осуден од финската политичка заедница, а финскиот премиер Јуха Шипила изјави истиот претставува напад врз демократијата.

„Нападот врз демократијата е неприфатлив“, рече тој. „Политичкото насилство не смее да се прифаќа. Мораме да работиме заедно за да ја одбраниме нашата демократија“.

Десничарската група „Војници на Один“ ја отфрли поврзаноста со осомничениот.

извор: Makfax

16
loading...

Најчитани вести