Италијанскиот огранок на „Википедија“ денес беше пријавен како недостапен за корисниците на интернет во знак на протест на неговите автори и соработници против предложената реформа на регулативата на ЕУ во врска со Законот за авторски права на интернет, пренесува „Спутник“.

„Ова е можеби нашата последна шанса. Помогнете ни да ги зачуваме авторските права во Европа”, е прикажано на црн баннер, која се појавува ако се обидете даја отворите италијанската верзија на „Википедија“.

На 26 март, Парламентот на ЕУ ќе спроведе гласање за новата регулатива за авторски права. Предложените директиви, Член 11 и Член 13, наводно, ги ограничуваат правата на интернет корисниците и креаторите, вклучувајќи ги и оние кои придонесуваат за Википедија, тврдат италијанските администратори на Википедија.

Протестот доаѓа еден ден пред Европскиот парламент да гласа за Член 11 и Член 13 – регулатива која, наводно, ги ограничува правата на онлајн-креаторите на интернет преку построги правила за авторски права.

Според членовите на италијанската Википедија, Членот 11 им овозможува на издавачите да ги ограничуваат вестите и ширењето на насловите на веб-страниците што ги поседуваат други корисници, а Членот 13 ќе овозможи автоматско блокирање на соработниците ако не бидат прифатени од претставници на индустријата за авторски права.

Италија не е единствената земја-членка на ЕУ што го покажа својот бес кон реформите за авторски права предложени од Брисел. На 23 март, германскиот медиум ДПА објави дека десетици илјади луѓе се собираат за масовни митинзи против планираните промени во законот на ЕУ во бројни германски градови.

Италијанската Википедија беше лансирана во 2001 година, а првите објавени статии беа за Данте, Петрарка и други писатели на класична литература.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести