Србите во Македонија се револтирани од најавата на ДУИ за одбележување на 20 годишнината од НАТО нападите врз Србија.

Реагираше и претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.

„Наместо помирување провокација!

Наместо толеранција изживување!

Наместо едно општество за сите, дискриминација!

Не постои соодветна реакција на некрофилскиот Дизниленд во Скопје, на кој ќе се слави смртта на повеќе од три илјади Срби за време на НАТО агресијата на СРЈ. Осиромашениот ураниум по се изгледа делува на нивниот мозок“, напиша Стоилковиќ.

„Имаме чест да во поканиме на настанот организиран од страна на институтот за духувно наследство на Албанците, под покровителство на г. Али Ахмети, по повод 20 годишнината од почетокот на интервенцијата на НАТО на Косово”, пишува во најавата што ДУИ ја испрати до македонските медиуми.

2
loading...

Најчитани вести