Група италијански интелектуалци од Италија иницираа продолжување на дебата за италијанското признавање на независноста на Косово, и испратија петиција до владата и парламентот за да го повлечат избрзаното признавање на Косово во 2008 година.

Пред неколку дена, координативен одбор формиран од италијански интелектуалци, истакнати професори и граѓани, официјално доби повеќе од 5.000 потписи за само неколку дена, и ги испрати до италијанските државни органи, а потпишувањето на петицијата продолжува и понатаму. Тоа е петиција, чиј иницијатор е универзитетскиот професор Стефано Пилато, заедно со група еминентни луѓе кои веруваат дека одлуката за признавање на Косово за самостојна држава е погрешна и лоша одлука за Италија и за Србија.

Петицијата беше потпишана од граѓани од различни националности, како Италијанци, така и од Срби кои живеат во Италија, како и други кои сметаат дека не е одржливо да се поддржи независноста на Косово со која се загрозува територијалниот интегритет на пријателската Србија.

И во Италија денес е очигледно дека има голем дел од оние кои веруваат дека признанието од италијанската влада во 2008 година беше избрзана одлука, и дека еднострано прогласување на независноста на овој српски регион е незаконски донесена.

Образложението на петицијата е адресирано до највисоките извршната и законодавната власт на Република Италија, стои и дека прогласувањето на Косово и политички чекор за признавање од страна на италијанската влада не одат во прилог на вистинска и трајна стабилност во регионот на Балканот, заснована на правата на безбедност и соработка на сите страни.

Ди Мео безрезервно им помага на бегалците од Косово по бомбардирањето и отцепувањето на Косово од Србија, кои привремено се сместени во Краљево и неговата околина. Како и секоја година тој носи голема група деца на одмор во Италија. Тој е единствениот Италијанец кој има докторат на тема "Манастирите во Косово и Метохија, културното наследство во опасност од исчезнување."

Во одборот е и Алесандро ди Мео, италијански професор кој беше во Србија за време на бомбардирањето во 1999. Професорот Ди Мео потоа објави неколку книги за страдњата на цивилите и псоледиците од бомбардирањето а, низ разни форми, до денес помага на жртвите меѓу бегалсите од Косово.

1
loading...

Најчитани вести