Министерството за надворешни работи два дена без одговор како и зошто 355 илјади евра одобрени за една намена, потрошени се сосема за друго. Иако ветувањето на МНР беше дека денеска ќе подготват одговори на прашањата на Алсат за недоследностите нотирани во извештајот на Државната ревизија за 2017 година – министерството без објаснување, пренесува Алсат М.

Останува неодговорено и зошто амбасадите кои не ги потрошиле парите за тековната 2017 – та не ги вратиле во Буџетот како што наложува законот. Сепак документот на peвизијата открива и други недоследности во работата на институцијата. Не било спроведено ниту оценување на ефектите на администрацијата, амбасадорите и генералните конзули.

Ревизорски извештај за МНР:

Ова предизвикува неможнocт од оценка на покажаните резултати на економска и политичка активност, како и раководењето на претставништвото од амбасадорите/генералните конзули, додека за административните службеници неможност за оцена во однос на квалитетот.“

Недоследности ревизијата покажала и кај спроведувањето јавни набавки за амбасадите.

Ревизорски извештај за МНР:

По спроведувањето на постапките во дипломатско-конзуларните претставништва не се склучуваат договори за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничка и финансиска понуда.“

Ревизијата открива дека во 2017 година една третина од ДПК-ата биле без амбасадор или од 57, 21 функционираат така. Дополнително бил ангажиран локален персонал за работа кој добивал плата во кеш и за ова се потрошени речиси 940 илјади евра од девизната благајна.

1
loading...

Најчитани вести