Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска посочи на пет клучни економски параметри, во насока на потврда дека земјата се движи кон  силна економија.

Како прв пример, тој се осврна растот на бруто домашниот производ од 3,7 проценти во последниот квартал од 2018 година. Рече дека во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а како трет важен економски параметар посочи на индустриското производство во 2018, кое било највисоко во последните седум години, 5.4 проценти.

Дополнително, како што рече Костадинов, забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 отсто во декември 2018 година – 25.784 денари, а невработеноста се намалува, на историски најниско ниво под 20 проценти. За неполни две години, вели Костадинов, бројот на вработените е зголемен, а отворени се над 26 илјади работни места.

„Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока“, изјави партискиот портпарол.

Додаде дека полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

 

извор: Makfax

10
loading...

Најчитани вести