Македонска делегација, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Каиро, Египет, имале работен состанок со министерот за земјоделство на Египет, Ез ел-дин Омар Абу Стеит, соопшти МЗШВ.

„На состанокот се разговараше за унапредување на трговската размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи. Николовски ја истакна подготвеноста од страна на Владата да се склучи преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави“, велат од министерствто.

Една од темите за кои станало збор, била примена на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот. Од страна на египетскиот министер за земјоделство биле назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од земјава. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од Северна Македонија во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства. Во делот на увозната царинска давачка од 40 отсто за увоз на јаболка, двајцата министри се договориле министерството за трговија и индустрија на Египет и Министерството за економија, да воспостават комуникација.

Инаку Македонија во Египет најмногу извезува јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година извозот кон Египет бил во вредност од близу 6 милиони евра.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести