По повод 20 години од НАТО бомбардирањето на Југославија за прв пат детали околу таа акција изнесе и тогашниот претседател на југословенската влада, Момир Булатовиќ

Понуда на Слободан Милошевиќ до Медлин Олбрајт Сојузна Република Југославија стане членка на НАТО беше очаен потез на мала, сиромашна земјата која во 1999 година шеше изложена на голема воена закана, рече Момир Булатовиќ, претседател на Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за време на агресијата на НАТО во 1999 година.

Булатовиќ рече дека оваа понуда дојде на крајот од заканите за бомбардирање, и дека поранешниот раководството на СРЈ претходно понудило други опции - концесии на рударството за што добиле одговор дека тоа е интересно за НАТО.

"Втората понуда беше да се даде дозвола за НАТО база во Југославија за што сметавме дека им е потребно, ќе имате своја воена база за симболична сума по штодобивме одговорот - не, благодариме. Тие беа решени и не требаше согласност од други држави, како што подоцна не бараа согласност за Авганистан, Сирија и Либија и било кој друг случај ", рече Булатовиќ.

Булатовиќ вели дека после се што беше одбиено конечно, во фаза на очај, рековме дека е подобро за СР Југославија да стане членка на НАТО за да се избегне бомбардирањето. "Тие се насмејаа, рекоа дека е интересно, но дека не може ни тоа да биде причина за запирање на навеното бомбардирање", вели Булатовиќ.

Според него, НАТО тогаш сакаше да владее со светот, а СРЈ им служеше како лабораториска вежба.

"Бевме врвен лабораториски примерок, тие рекоа дека ќе не уништат за 72 часа. Ние не се прашувавме ништо за тоа, не бевме глупави ниту луди да не знаеме што значи кога една мала земја и нејзиниот народ ќе бидат цел на војна на толку голема сила како НАТО, но ним им беше потребна мала валкана војна за понатамошните цели, бидејќи секогаш низ историјата имало такви планирани мали војни за големи цели ", рече Булатовиќ.

(24vesti.rs)

1
loading...

Најчитани вести