Љубомир Фрчковски, екс министер за внатрешни, екс министер за надворешни, екс кандидат за претседател на РМ, екс... со своите 62 години, го прогласи Стоај Андов (82) за сенилен и излапен па затоа пишувал книги во кои Фрчковски е оценет како првоодговорен и сомнителен за атентатот врз екс претседателот Киро Глигоров. Патем кажа дека книгата за атентатот воопшто не ја ни читал, само онаму каде што се пишувало за него... другото, каде што има аргументи за тврдењата на Андов, не го читал - но ќе го тужи за вознемирувањето што му е нанесено.

Тој таквиот, “сенилен и излапен“ Андов откако е во пензија напиша серија книги што за излапен ум е повеќе од невозможно, а патем речиси сите тие години беше и колумнист во неделникот Фокус.

Но, не е само Андов. И Киро Глигоров, веројатно “сенилен и излапен“ во својата книга Македонија е се што имаме напиша дека тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски му дошол со грчка понуда да попушти за промена на уставното име а за возврат ќе биде награден со еден милион евра. Киро не попушти, милионот исчезна.

Па и сепак младиот Павле Трајанов го наведуваше Фрчкоски дека е сомнителен за исчезнувањето на околу 24 килограми кокаин од депото на МВР кога Фрчкоски бил министер. Па уште помладиот Роли Јакуповиќ, близок андергаунд пријател на Фрчкоски го обвиниваше за еден цел список коруптивни дејствија.

Каде е Фрчкоски, таму се скандали, корупции, бламажи, глумења интелектуала со странцизми кои ни самиот не ги разбира, соменвања за тешки злодела... Можеби и затоа Фрчкоски попуштил па и во оваа емисија не можеше да ги контролира своите тикови на лицето, гуменото развлекување и пренемагање додека зборува, постојаното трепкање како да е под тежок стрес. 

1
loading...

Најчитани вести