Јавното обвинителство во Тирана ги повика на разговор лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша и поранешниот партиски генерален секретар Арбен Ристани, во врска со договорите за лобирање на партијата во САД за време на последните парламентарни избори во Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, Баша и Ристани во Обвинителството треба да се јават в четврток за да се запознаат со дописот добиен од САД околу ова прашање.

Албанското Обвинителство истрагата ја почна по написите на американскиот магазин „Мадр Џонс“ за средствата кои ПД ги плаќала за лобирање во САД, пред парламентарните избор 2017 година.

Според извори во Обвинителството, станува збор за четири сомнителни договори за кои се платени околу 700.000 долари, кои пристигнувале од компанијата „Бинијата Трејд ЛП“, сопственост на двајца руски државјани. Парите наводно биле испраќани на сметка на компанијата „Музин“, која организирала средби на Баша со претставници на Администрацијата во Вашингтон и со високи американски функционери.

Како што потврдила компанијата „Музин“, таа добила три исплати во износ од 675.000 за лобирање во интерес на ПД, при што првата дознака во износ од 150.000 долари е од 24 март 2017 година што ја исплатила фирмата „Бинијата Трејд ЛП “, а двете други исплати се од самата партија – едната на 27 март во износ од 25.000 долари и втората на 9 јуни од 500.000 долари.

Демократската партија, од своја страна, демантира дека станува збор за перење пари и дека добила такви средства. Дури и самиот Баша во ноември 2017 година самиот побара од Обвинителството да спроведе истрага за случајот.

4

Најчитани вести