Еден од најугледните светски медиуми, и сигурно број еден медиум во Франција, „Л’Екип“ пренесе интересна вест поврзана со Антоан Гризман.

Според нив, интересот од Барселона за францускиот напаѓач не исчезнал, па Каталонците повторно ќе се обидат да го донесат во своите редови во летниот преоден рок.

Поразот од Јувентус во Лигата на шампионите му дал до знаење на Гризман дека Атлетико Мадрид е далеку од нивото на големите тимови, па тоа го натерало да размисли за евентуално заминување од „Ванда Метрополитано“.

И минатото лето Гризман беше многу блиску до трансфер на „Камп Ноу“, но тогаш преку еден серијал кој беше наречен „Одлуката“ соопшти дека ќе остане во Атлетико Мадрид со кој подоцна потпиша нов повеќегодишен договор.

Откупната клаузула на Гризман во моментов е 200 милиони евра, но истата ќе падне на „само“ 120 милиони евра во јуни, а таа сума и тоа како е прифатлива за Барселона.

153

Најчитани вести