Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 18:25
sportmedia
Статија

Премиерлигашкиот дуел помеѓу Њукасл и Астон Вила кој е закажан за петок нема да се одигра. Причината е проблемот со коронавирус во редоите на клубот од „Сент Џејмс Парк“. Од неделата па до сега бројот на инфицирани членови се искачи од тројца на пет, поради што раководството на Премиер лигата одлучи да го одложи овој натпревар.

Четворица фудбалери и еден член на стручниот штаб се во самоизолација. На Њукасл оваа одлука добро му дојде затоа што освен со заразените, во екипата поради повреди изостануваат Крафт, Керол, Сен Максимим и Ласкелес. А Дубравка, Дамет и Гејл туку што почнаа да тренираат после долгата пауза поради повреди.

sportmedia.mk