Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 17:35
sportmedia
Статија

Томас Бах (66), кој е претседател на Интернационалцниот олимписки комитет (ИОК) од 2013 година, ќе биде единствениот кандидат што ќе се бори за втор мандат следниот март, објави ИОК денеска, по затворањето на рокот за апликации.

Олимпискиот победник во мечување од Монтреал 1976 година, по професија адвокат, ќе бара реизбор за четири години на 137. седница на ИОК, закажана во Атина од 10 до 12 март 2021 година.

Ова ќе биде неговиот последен мандат, бидејќи според Статутот на ИОК, претседателот кој бил осум години избран на чело на организацијата, со тајно гласање од 104 делегати, може да биде именуван само уште еднаш.

sportmedia.mk