Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 17:05
sportmedia
Статија

Според статистичките пресметки спроведени од „Еуро Клуб Индекс“, тетовска Шкендија и натаму е најдобиот македонски тим на листата на најдобри европски фудбалски клубови. Според последното рангирање објавено деновиве, Шкендија направи пад од две места до 414. место на листата, но и натаму е тимот кој најдобро котира на европската листа од сите македонски фудбалски тимови.

Втор македонски тим на рангирањето е Вардар кој овој пат направи скок од 4 позиции за да се стационира на 483. место. Скок на листата има и Шкупи кој отиде пет места погоре до 561. позиција.

Според „Еуро Клуб Индекс“ во моментов најдобар европски тим е Баерн (М), кој зад себе во ТОП 5 листата ги остави Ливерпул, Барслеона, Манчестер Сити и Реал (М).

sportmedia.mk