Од кај владата започна годинешното украсување на Скопје за кое ќе се потрошат 200.000 евра, според тендерот кој беше објавен од градот.
Иако опозицијата и граѓаните бараа овие пари да бидат наменети за амбулантни возила и болничка опрема сега за време на пандемијата кога е најпотребно, властите сепак не се откажаа.
„Дрско и неодговорно е расипништвото на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој во период на најголема светска здравствена и економска криза троши 200 илјади евра за сијалички, лампиони и останати реквизити за новогодишно украсување. Шилегов има пари за лампиони, но болниците немаат возила за итна медицинска помош. Шилегов троши 200 илјади евра за сијалички и украси, а учениците немаат компјутери за да следат онлајн-настава“ изјави советничката на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, Ирена Попова.
Од владејачката СДСМ одговорија дека нема да доволат граѓаните да бидат завиени во мрак.
- На граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор, за време на празниците. Во време кога коронавирусот негативно влијае и врз менталното здравје на граѓаните, соопштија од СДСМ.
Но сепак некои општини како Тетово, Неготино и Карпош се откажаа или го намалија буџетот за новогодишно украсување а парите ќе ги наменат за справување со пандемијата.