Денеска функционерката на СДСМ од Кичево, Елена Митрејческа, даде отказ од партијата. Таа преку својот Фејсбук профил соопшти дека нејзините родители ја научиле на чесност и моралност, па затоа се одлучила на оваа одлука.

Митрејческа е видно разочарана од локалните активист на СДСМ и вели дека ја злоупотребувале сопствената партија.

– Години наназад во Општинската во Кичево пет до десет личности – Хиени ја парчосувале за свои лични интереси, а ние да речам обичните „коњи тркачи“ сме им служеле за да удобно се сместат во директорски функции, впрочем и само за тоа ги бива, инаку ако не е партијата не знаат ни што со себе, вели веќе поранешната активистка на СДСМ.

Таа додава дека знае да се спротивстави и дека не е обичен послушник на наредби.

– Покрај чесноста и моралноста го имам и мојот борбен дух и да кажам не или да кажам дека не се согласувам, истакнува Митрејческа.

За крај таа апелира до Централата на СДСМ да се погрижат за Кичево, град кој како што вели таа е викан „пазар“.

– Во Кичево има интелигентни личности, немојте да ни ја потценувате интелегенцијата. Чесноста мора да надвладее, завршува Митрејческа.