Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 16:25
sportmedia
Статија

Ромен Грожан ќе помине уште една ноќ во болница закрепнувајќи се од тешката несреќа на трката за Големата награда на Бахреин, но францускиот возач се надева дека ќе вози до Абу Даби нa финалето на Формула 1 за оваа сезона.

Во првиот круг, по контакт со друг болид, Грожан ја проби металната ограда, преполовувајќи го своето возило, кое се запали, а Французинот успеа да го напушти запалениот дел од болидот и за чудо да помине без сериозни повреди.

„Ми рекоа дека лекарите се многу задоволни и дека процесот на опоравување тече како што се очекуваше. Значи, нема пречки тој да ја напушти болницата. Само факт е дека е подобро да биде во болница уште една ноќ за да биде се побрзо“, рече Гинтер Штајнер, шефот на тимот Хас.

Грожан ќе ја напушти Формула 1 следната сезона, па затоа сака да биде подготвен за финалето на сезоната на 13 декември во Абу Даби.

„Никогаш не мислев дека неколку чучњеви ќе ме направат среќен. Телото добро се опоравува, се надевам дека наскоро ќе помнинат и изгорениците на рацете. Благодарност до сите за пораките. Сè уште сум многу бавен во пишување“, објави Грожан на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Romain Grosjean (@grosjeanromain)

sportmedia.mk