Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер на СДСМ е именуван на оваа позиција на денешната владина седница.

Неговото назначување е во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање решение со Софија, која се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право и со своите ставови секогаш, без исклучок, ги брани и оправдува барањата на Бугарија кон Македонија па не е јасно која страна во спорот Бучковски, вооопшто, ќе застапува и брани.

Булковски, во својата биографија, има и долг судски процес за проневера на државни пари во време на воената 2001 година од позиција на министер за одбрана. По долги години развлекување на постапката пред судовите пред се пред Врховниот суд, таа запре и немаше завршница заради застареност, иако претходно пред судовите Бучковски беше осудуван на затвосрка казна од 3 години затвор за таа проневера.

Ова е, се чини, логичен след откако во име на владата во Софија преговараше Љубчо Георгиевски и затоа не треба да биде изненадување зошто Македонија има вакви понижувачки резултати во преговорите со Бугарија.