Поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван од владата како специјален претставник за  Бугарија, иако од владата не е потврдена информацијата, таа ја потврди самиот Бучковски.

Во изјава за Фокус тој рече дека неговата позиција ќе биде додадена вредност за изнаоѓање решение.

- Се надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски, за Фокус откако беше соопштено дека Владата го именувала за специјален претставник за Бугарија.