Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 16:05
sportmedia
Статија

Италија е шокирана по се она што се случува на релација Јувентус – Наполи, откако една од најголемите легенди на клубот од Торино ја коментираше смртта на Диего Марадона. Имено Антонио Кабрини, светскиот првак од 1982 во Шпанија, пред неколку дена изјави дека ако Марадона играл во Јуве, а не во Наполи, дека се уште ќе бил жив.

Оваа негова изјава просто ја шокираше цела Италија,наиде на огромни критики, дури и кај фановите на Јуве. Подоцна Кабрини се извини, но во Неапол, во Наполи гневот остана. Наполитанците и онака не можат да го смислат Јуве, па изјавата на Кабрини како да беше ставање на сол на раната на Наполи по смртта на најсаканиот фудбалски син.

На се ова свој зачин стави никој друг туку екс претседателот на Наполи, Корадо Ферлаини, човекот кој што го донесе Марадона во Неапол, кој кажа…

Оној играч на Јуве кој се обиде да се самоубие, како се викаше? Песото, да, така е. Е, тој ако играше за Наполи немаше да се фрла од зграда“.

Претерано и од Кабрини и од Ферлаини.

Инаку зе потсетување дека Песото во јуни 2006 година навистина се фрли од четвртиот спрат на седиштето на Јуве во обид да се самоубие. Среќа, по голема борба на докторите, по месец дена во кома, Песото остана жив.

sportmedia.mk