Нивото на Охридското езеро продолжува да опаѓа. Според денешните мерења на ЕСМ водостојот е на 693,09 м.н.в или 1 см. под минимално дозволената кота од 693,10. Освен што постои огромна загриженост за опстанокот на биодиверзитетот за која веќе во повеќе наврати апелираа и реагира екологистите, сега и бродарите се жалат на потешкотии во закотвувањето на бродовите, оти водата на пристаништето и во каналот Студенчишта е видно повлечена, објави 24.мк

Проблемот со постојаните осцилации со водостојот на езерото повторно ја отвора и темата колку е неопходна и потребна изградбата на марина од повеќе аспекти .

Нивото на Охридското езеро е во константен пад последниве месец дена.

Од Електрани на Македонија велат неповолната хидрололошка состојба се должи на недостатокот на врнежи, но експертската фела апелира состојбата да се контролира научно, а не да се чека да падне снег за да се крене водостојот. Бараат нивото на езерото постојано да си биде во рамките на дозволените мерки.

24.мк