Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 15:05
sportmedia
Статија

Во нашата ПМФЛ есенва досега се одиграа 13. кола. И во нив имаше пет тренерски смени, односно од 12 дури 5 клубови ги сменија своите тренери и поставија нови. Ова е голема бројка, но и ни од далеку како што беше во минатите каде имаше двојно повеќе, а во некои клубови за само една сезона имаше и по три тренерски смени.

Рековме дека пет клуба се разделија од своите тренери кои го стартуваа првенството, иако искрено, барем според лошите резултати, се очекуваше тоа да го направат барем уште двајца. Но тие двајца сега засега останаа на клупите.

Ова потсетување е како повод на она што се случи вчера во Пелистер, кога досегашниот тренер, Зоран Штерјовски и раководството на “зелените“ се разделија, па така сега нов стратег, или поточно ВД тренер на Пелистер е Димитар Капинковски.

Досега смени направија Беласица, која започна со Ване Милков а потоа дојде Шефки Арифовски. Потоа тука е Шкупи, кој му врачи отказ на Муарем Бајрами и го врати Умит Каран од Турција.

Од Ренова си замина Бујар Ислами, тренер кој по пауза од неколку години ова лето ги однесе “гипсарите“ во Европа, а на негово место назначен е Ќатип Османи, кој од 2012 до 2017 исто беше стратег на Ренова. Значи и тој се врати во старото,добро познато, фудбалско јато. Академија Пандев се раздели со Александар Таневски, на негово место се врати Југослав Тренчовски и во Беласица место Ване Милков, дојде искусниот Шефки Арифовски.

Засега нема смена кај следните клубови, тие и натаму се со истите тренери со кои го стартуваа првенството. Кај Шкендија и натаму е Ернест Ѓока, кај Македонија ЃП тука е Жикица Тасевски, кај Струга Трим Лум на клупата цврсто е Срѓан Захариевски. Потоа во Вардар секако дека тука е Александар Васоски, во Силекс и Работнички, тука се Горан Симов и Ратко Достаниќ.

ШКЕНДИЈА: Ернест Ѓока (Албанија)

МАКЕДОНИЈА ЃП: Жикица Тасевски

ШКУПИ: Муарем Бајрами – Умит Каран (Турција)

СТРУГА ТЛ: Срѓан Захариевски

БОРЕЦ: Горазд Михаилов

ВАРДАР: Александар Васоски

СИЛЕКС: Горан Симов

РАБОТНИЧКИ: Ратко Достаниќ (Србија)

ПЕЛИСТЕР: Зоран Штерјовски – Димитар Капинковски

РЕНОВА: Бујар Ислами – Ќатип Османи

А. ПАНДЕВ: Александар Таневски – Југослав Тренчовски

БЕЛАСИЦА: Ване Милков – Шефки Арифовски

sportmedia.mk