Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 14:55
sportmedia
Статија

Шпанскиот тенисер Енрике Лопез денеска е суспендиран на осум години поради местење на натпревари во 2017 година.

Единицата за интегритет соопшти дека во текот на суспензијата Лопез не може да игра и не може да биде присутен на ниту еден официјален тениски натпревар. Тој дополнително е казнет и парично со 25.000 долари. Како што се наведува во пресудата, во три обвинувања е пронајден доказ дека Лопез местел, додека во два не успело да се најде. Сепак не се кажува за кои мечеви и за кои турнири станува збор.

Најдобар пласман на Лопез, кој има 29 години и веројатно со оваа казна и ја завршува кариерата, ја имал во 2018 година кога на АТП листата бил на 154-то место.

sportmedia.mk