Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата во четврток и да стапат на сила во петок.

Рестриктивните мерки предвидуваат дека угостителските објекти и продавниците, рестораните, кафулињата, трговските центри, игротеките, обложувачниците и сите други продажни и трговски објекти ќе работат до 17 часот, а за викенд воопшто нема да работат – од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Продавниците за храна ќе може да работат секој ден до 21 часот и за викенд, а театрите и кината ќе работат до 17 часот секој работен ден и за време на викенд.

Мерките ќе бидат на сила две недели.

извор: Makfax