Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 14:35
sportmedia
Статија

Луис Хамилтон е позитивен на Ковид-19, причина поради која ќе ја пропушти неделната трка во Бахреин. Минатата седница беше негативен на сите тестови, но вчера ги почувствувал првите симптоми на коронавирус.

„Луис е изолиран и се чувствува добро. Има само благи симптоми, целиот тим е со него, му посакуваме брзо опоравување“, се вели во соопштението на Мерцедес.

Поради Ковид-19, Хамилтон останува без двете неверојатни серии. Прекинат е рекордот од 265 извозени трки, како и рекордот по освоени бодови во низа (48).

35-годишниот Хамилтон неодамна ја осигура седмата титула и го изедначи рекордот на Михаел Шумахер. Има и рекордни 95 победи и 98 пол-позиции.

 

sportmedia.mk