Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 14:25
sportmedia
Статија

Вардар Форино, барем такви се правилата на ФФМ, се соочува со казна на одземање на 3 до 9 бодови. Секако дека ова ќе биде голем удар за членот на ВМФЛ – ЗАПАД, но за тоа самите си се виновни. Имено познато е дека Вардар Форино не ја одигра средбата од 12.коло со Велазерими, и тоа поради финансиски проблеми со кои клубот се соочува веќе извесно време. Постоеше опасност клубот да биде префрлен во најнизок ранг, но вардарци успеаја да се снајдат и ги одигра двете наредни средби со Кораби и Кадино.

Сепак според правилата, сега на ред е Дисциплинската комисија која веројатно ќе му одреди казна на Вардар Форино, и тоа со одземање на бодови. Инаку тимот од Форино засега е на 8 место со 13 бодови, во случај овие најави да се остварат, тогаш јасно е дека ќе се најде во тешка ситуација.

sportmedia.mk