Skip to main content
x

1 Dec 2020 - 13:55
sportmedia
Статија

Како што дознаваме, Трајче Сенев е најблиску да седне на тренерската клупа на Осогово. Откако Кирчо Горгиев пред неколку дена си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на второлигашот од Кочани, раководството на клубот треба што побргу да назначи нов тренер. Информациите велат дека со Трајче Сенев се било договорено, остануваат уште само деталите да се допрецизираат и Осогово и официјално да го промовира својот нов шеф на тимот.

Сенев е некогашен познат наш прволигашки фудбалер, а како тренер со успех има работено во екипите на Брегалница, Силекс, Баби и Кит Го.

sportmedia.mk