Асистент во службата за кетеринг во Бекингамската палата, Адам Канто признал дека украл медаљи и фотографии од резиденцијата на британската кралица.

Канто (37) пред судот за прекршоци на Вестминстер се изјаснил за виновен по три точки од обвинението за кражба помеѓу 11 ноември 2019 и 7 август 2020 година, пренесе Би-би-си.

Полицијата пронашла значајна количина украдени предмети во неговата соба во Ројал мевс, во Бакингамската палата. Нему ќе му биде изречена пресуда на судот во Саутварк Краун.

За време на пандемијата на Ковид-19, улогата на Кантов била променета така што повеќе чистел отколку што имал пристап до канцелариите и другите простории, во кои обично немал пристап, било кажано на судот.

Некои украдени предмети во вредност од 10.000 до 100.000 фунти ставени се на продажба на иБеј, рекол обвинителот Симон Моган.

Вкупно 37 предмети се понудени на продажба значително под нивните вистински вредности на иБеј, рекол Моган, а Канто заработил 7.741 фунта.

извор: Makfax