Анонимна девојка била пресреќна кога на интернет си ја нашла својата „идна“ венчаница. Фотката од фустанот ја поставила на Фејсбук, но сите ги изненадила со една - нема ниту момче, а не иден сопруг.

Таа се пофалила дека фустанот го купила за 20 долари, а кога луѓето почнале да и честитаат признала дека не се мажи, туку само сакала подготвено да го дочека денот. Признала дека не можела да оддолее кога ја нашла венчаницата, па уште и по мошне ниска цена и не сакала да ја пропушти приликата.

„Денес си ја најдов својата идна венчаница. Се вљубив во овој фустан и не можев да не го купам. Одлично ми стои и беше само 20 долари“, напишала и уште рекла: „Фала ви за убавите желби и честитки, но јас уште не се мажам, но еден ден ќе го сторам тоа.“