Во Словенија во пoследните 24 часа се регистрирани 1.292 нови случаи на коронавирус, а 55 лица починале.

Според новите владини податоци, од последниот пресек тестирани се 5.868 лица.

Бројот на новоинфицирани е нешто помал од пред една недела, процентот на позитивни во споредба со испитаните е 22 проценти, пренесува СТА.

Во болниците сè уште има голем број пациенти со коронавирус, 1.299, од кои 210 се на интензивна нега.

Нешто повеќе од 20.000 случаи во моментов се активни во Словенија.

извор: Makfax