Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две нејзини земји-членки – Грција и Турција – веќе се длабоко поделени и сега се појавија уште две земји кои се во судир, заради полемика стара два века на етничка основа, пишува Ставрос Цимас во коментар за „Катимерини“.

Според Цимас, и Бугарија и Северна Македонија се клучни регионални членки на Алијансата. Бугарија за нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија и Северна Македонија како тампон против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт на влијание.

„Меѓутоа, НАТО се чини дека е нарушен од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го за европско прашање што треба да го решат земјите-членки на ЕУ.Приговорите на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнуваат од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро ќе имаат влијание врз НАТО, освен ако не се решат овие разлики.

Антибугарската треска се зголемува во Северна Македонија, со благослов на политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Индикативно е отфрлањето на барањето на Софија да учествува во воздушното полициско работење на НАТО во Северна Македонија, како и повлекувањето на интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, и одбирајќи место тоа да се поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи.Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичкиот врв многу се бави со националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од виситнскито пат, се вели во коментарот.

извор: Makfax