Општина Карпош објави јавен повик за субвенционирање за поправка и санација на постоечки лифтови и оштетени кровни површини на станбени згради.

Субвенционирањето е поддржано од Буџетот на Општина Карпош, а право на учество имаат заедниците на сопственици или управителите на станбени згради. Вкупниот буџет за овој проект е два милиони денари, а јавниот повик е отворен и трае до исцрпување на средствата.

Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот.

Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач.

Условите за учество на заедниците на сопственици / управителите на станбени згради, како и документацијата која треба да се приложи може целосно да се види на Огласната табла на www.karpos.gov.mk или на следниот линк: https://bit.ly/3qgzFz7

Апликацијата е објавена на следниов линк https://bit.ly/3ocLvs2.

Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на поправката на лифтови и кровни површини, согласно препораките од Државниот завод за ревизија кои беа истакнати во Извештајот за материјално – финансиското работење на Општина Карпош.

извор: Makfax