Веднаш по објавата на веста дека властите на селото „Факинг“ во Австрија, донеле одлука да го променат името во „Фугинг“, таблата со името на местото повторно е цел на крадци.

Ловците на сувенири ја искористиле можноста, пред да биде променето името од 1 јануари, ја украле таблата со називот „Факинг“, кое има свое значење на англиски јазик, поради што ова место во Австрија стана познато ширум светот.

Некои крадци, кои допатувале од соседна Германија, биле фатени на дело.

На порталите за продажба преку интернет се појавиле понуди за таблата со името на местото „Факинг“, за која се бара 2.499 евра. Откако лицето што ја поставило понудата, било навредувано од многумина и барале од него да го повлече огласот, соопштено е дека се работи за копија на знакот тежок 4,5 килограми, изработен во Виена.

извор: Makfax