Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати порака на Твитер до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој вчера беше позитивен на коронавирус и му посака брзо закрепнување.

„Ви посакувам добро здравје и брзо закрепнување @ AndrejPlenković“, објави Вучиќ на официјалниот Твитер @predsednikrs.

Вчера, по вториот тест, беше потврдено дека хрватскиот премиер има коронавирус и ќе ја замени претходната мерка за самоизолација со изолација за 10 дена.Пленковиќ беше во самоизолација откако неговата сопруга претходно беше позитивна на коронавирус.

извор: Makfax