„Како внука на Раде Јовчевски- Корчагин, се чувствувам крајно револтирана од изјавите на оној што веќе подолг период работи систематски на негирање на постоењето на се што е поврзано со Македонија и македонската историја“, вели внуката на Корчагин Кали Јовчевска.

„Е па, оваа слика е убиството на мојот дедо кој е убиен од Бугарската „администрација”. Така, пријателски, додека е пукано од нивна страна во него, извикуваат: „Еве ти ја слободата”.
Не се борел за Бугарија, туку против фашизмот, против бугарскиот фашизам.
Историјата не се менува- таа е дел од еден народ! А ова е нашата… тажна, болна… ама таа е, наша е и мора да ја чуваме!

Да живее Македонија!“, напиша Јовчевска на Фејсбук.