Корисниците од дел од улиците „Дебарца“, „Људевит Гај“ и „Радњанска“ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е исклучување на стара и поврзување нова водоводна мрежа на улицата „Дебарца“ 58.
Корисиците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со интервенцијата.