Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник на цевка од ф-300 мм на улицата Џон Кенеди бб (во близина на „Веро„), прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од населбите Топанско Поле и Чаир.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9:30 часот до завршување со активностите (општина Чаир).

извор: Makfax