„Чаје шукарије“ е песна која Есма ја објавила во далечната 1961 година. Податокот кој малкумина го знаат е дека ова не е народна песна, туку има свој автор, а тој авторот е токму Есма Реџепова-Теодосиевска.

„Чаје шукарије“ пее за неостварена љубов. Се предува како „Убава девојка“, но и „Добра девојка“. А во стиховите се раскажува за вистинска љубовна драма. Едно момче поминува покрај убава девојка и се вљубува во неа. Ја моли да го погледне, но таа не го прави тоа, а всушност нејзината постапка за него е најлошата можна казна и најтешкото бреме. 

Песната ја препеа и Здравко Чолиќ, а Ивана Легин го кажа познатиот стих „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато.“ 

Третата преработка ја имаат девојките од триото „Ураганки“. Тие деновиве претставија три нови песни, а токму „Чаје шукарије“ е едната и овој пат со нов аранжман и со потписот на Дарко Димитров.